Поставен камен-темелник на спортска сала во СОУ „Перо Наков“ во Куманово

Од:

Во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, лоцирано во поранешната касарна во кумановско Бедиње, денеска беше поставен камен-темелникот на новата училишна спортска сала.

На почетокот на изградбата присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, претставници на општините Куманово и Липково, наставници, ученици и родители.

– Салата „Перо Наков“ е во фаза на изградба. Училишната спортска сала во Куманово е модел 1, односно со површина од 650 метри квадратни и со планирана вредност од 24 милиони денари. Спортската сала ќе биде комплетно опремена со спортска опрема, со гардероба, санитарни јазли и тушеви, изјави министерот Лутфиу. Додаде дека салата треба да биде завршена до средината на 2018 година.

Тој нагласи дека училишната спортска сала во СОУ „Перо Наков“ е дел од проектот за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во основните и средни училишта во Македонија.

Во средните училишта, како што рече, завршени се 25 училишни спортски сали.

Заменик-директорот на училиштетто Ељхам Адеми информираше дека 480 ученици следат настава во ова училиште и додаде оти досега наставата по спорт и спортски активности се изведува во импровизирани простории и надвор. Изрази благодарност до МОН и до општина Куманово кои помогнале при спроведување на процедурата за отпочнување на градбата на оваа спортска сала.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски