Ако помисливте на Ајфеловата кула, Кинескиот Ѕид или мостот Голден Гејт, вие сте во заблуда. Станува збор за црква, поточно Саграда Фамилија во Барселона.
Импресивна римокатоличка црква според Трип Адвајср е најчесто рецензирана туристичка атракција на светот – има повеќе од 109.000 рецензии. Исто така просечната оцена на атракцијата изнесува високи 4.5.
Најпосетената атракција во Шпанија годишно привлекува повеќе од три милиони посетители.
Ова уметничко дело и чудо на архитектура, почнало да се гради во 1882 година и 130 години подоцна се уште не е довршено. Тоа значи дека изградба на Саграда Фамилија ќе трае подолго отколку што траеше изградбата на египетските пирамиди.
Саграда Фамилија најпрво требало да ја проектира архитектот Франциско Дел Виљар, кој по креативните несогласувања се откажа, со тоа што задачата му беше Антониј Гауди, кој набрзо стана опседнат со проектот.
Гауди изградбата на оваа црква ја сметал за негова света мисија и на неа работел до смртта во 1926 година. За потребите на градење на црквата и самиот дал финансиска помош. Современите градежници се надеваат дека црквата ќе биде готова до 2026 година, на стогодишнината од смртта на Гауди.
Дизајнот на Саграда Фамилија е многу препознатлив, бидејќи Гауди нео-готскиот план го проткајал со модерен дизајн.
Тој не сакаше рамни лини и агли, затоа што не се појавуваат во природата. Наместо тоа својот иноваторски дизајн го заснова на криви линии и несовршеносат на природата. Нацртите на црквата се инспирирани со шилести врвови на светата планина Монтсерат, која се наоѓа покрај Барселона.
Во текот на својот живот Гауди ја заврши гробницата и крилната фасада, кои се прогласени за Светско културно наследство. Сочуваните модели и цртежи го овозможиле продолжувањето на изградбата, која се финансира со приватни донации.