ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието. Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието.

СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена.

СДС воопшто не се грижи за потребите и интересите на македонскиот народ.

Покрај тоа што прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни.

Криминалецот Зоран Заев треба да знае дека одржување на локални избори нема никаква поврзаност со формирањето на владата.

СДС се обидува да го пролонгира одржувањето на локалните избори бидејќи немаат смелост да се соочат со македонскиот народ, по сето она што сторија.

Се обидуваат да калкулираат согласно партиските интереси, бидејќи за нив државните и националните интереси не се важни.

Време е СДС да се освести, да собере храброст и да обезбеди датум за одржување на неопходните локални избори. Доколку криминалецот Зоран Заев е храбар нека се согласи во рамките на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори.

Нека се одржат и нека остават народот да одлучи во кој правец Република Македонија ќе се движи и дали треба да се отфрли или реализира Тиранската Платформа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра