Притворот на сопственикот на „Трансмет“, бизнисменот Сеад Кочан е укинат.
Според информации од судот, оваа одлука е донесена вчера. Со оваа одлука, се поништува и потерницата која полицијата ја распиша пред неполни два месеци, откако Кочан се даде во бегство, а неговиот адвокат Никола Додовски тврдеше дека тој е на службен пат. Одлуката беше и очекувано со потезите кои цело време ги влечеше претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски по поднесувањето на барањето од страната на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
По оваа одлука, многу е веројатно дека осомничениот Сеад Кочан од случајот „Труст“ на Специјалното Јавно Обвинителство, конечно ќе се врати од службениот пат во Македонија. Ова е единствен пример да се укинува притвор на некој што е повеќе од два месеци во бегство.
И покрај укинувањето на притворот стои одлуката да се замрзне имотот и сметките на сопственикот на „Трансмет“.