Пред протестот на албанската опозиција, ОБСЕ порачува: Нема место за насилство

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ја повика албанската опозиција да се воздржи од насилство на утрешниот антивладин протест.

ОБСЕ на својот налог на Твитер објави дека “правото на слободно и мирно собирање е еден од темелите на демократијата и оти во Албанија во 2017 година нема место за насилство“.

Како што јави дописникот на МИА, албанската обединета опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, најави дека утрешнот протест ќе биде „најмасовен до сега организиран во земјата“.

Опозицијата со месеци ја бојкотираше работата на Парламентот, а од 18 февруари по одржаниот голем собир во центарот на Тирана постави шатор пред Влада каде продолжија протестите.

Опозициските партии бараат оставка на премирот Еди Рама и формирање техничка влада која ќе спроведе „слободни и фер избори“.

Наспроти притисоците од страна на меѓународната заедница, опозицијата не отстапи од овие барања и реши да ги бојкотира парламентарните избори закажани за 18 јуни.

Албанија очекува да ги започне преговорите за членство во Европската унија, доколку се одржат слободни и фер парламентарни избори и доколу започне реформата во судството, што беше блокирана од страна на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија