Израелско пилешко со куркума

Од:

Меко и сочно пилешко, со силна жолта боја. Ако не сте ја користеле куркумата претходно во готвењето, овој рецепт е вистинскиот, како би можеле да ги почувствувате неговите шмек и арома.

Потребно е:
8 парчиња пилешки копан со поткопан
2 големи компири, излупени и исечкани на парчиња
2 големи главици кромид, исечкани на полумесечинки
сол и бибер
маслиново масло
300 мл супа од коцка (пилешка или зеленчукова)
1 + 1/2 лажица црвен пипер
1 + 1/2 лажица куркума
1/2 лажица лук во прав
3 ловорови ливчиња

Подготовка:
– Парчињата месо измијте ги убаво, изушете ги со салветка и зачинете ги со сол и бибер.

– Во тенџере ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете 4 по 4 парчиња месо да се пропржат убаво, од двете страни, додека да добијат убава златно жолта боја. Пржете околу 7-8 минути. Парчињата месо ставете ги на чинија да стојат додека да го подготвите останато.

– Во истото тенџере ставете малку маслиново масло, па ставете ги компирите. Пржете ги на маслото неколку минути, додека да добијат малку крцкава кора од краевите.

– Ставете една коцка путер, па додадете го исечканиот кромид. Посолете го кромидот за да ослободи течност, па покријте со капак и пржете околу 10 минути, додека да омекне.

– За тоа време, во пилешката супа од коцка ставете си сите зачини и измешајте. Тргенете го капакот од тенџерето и продолжете да го пржите кромидот додека да се карамелизира малку.

– Потоа, ставете ги парчињата месо и прелијте со супата. Покријте со капак и динстајте на намалена температура околу 1 час до час и половина. Ако има уште течност, отворете го капакот и на силен оган динстајте додека да се редуцира течноста.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска