СДСМ: Милошоски да не лицитира како да е на лото

Од:

„Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, да престанат лицемерно да лицитираат со датуми за локални избори како да се на лото емисија додека ги оставија граѓаните на цедило без градоначалници! Да престанат да го притискаат Ѓорге Иванов да одолговлекува со давањето мандат за состав на новата Влада и веднаш да ги одблокираат демократските процеси!

Така Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе помогнат да се обезбеди законска можност за одржување на локалните избори.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ виде што предизвика нивната неодговорност кај граѓаните, дека ги оставија луѓето од понеделник без плати и можноста да ги добијат основните општински услуги. Видоа колкава политичка штета си нанесоа од оваа врвна несериозност и затоа панично се обидуваат да глумат лажна загриженост. Безобразно е тоа кон граѓаните.

Да беше досега избрана новата Влада, немаше да има потреба од денешниот прес на Антонио Милошоски. Да мислеа Груевски, Милошоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, немаше самите на себе да си реплицираат во Парламентот и да кочат легитимно формираното парламентарно мнозинство да ја формира новата Влада, а знаеја што ги чека граѓаните од 15 мај кога завршува мандатот на градоначалниците и советите. Да беше избрана новата Влада, досега ќе беа распишани и локаланите избори.

Повикуваме чесните и одговорни членови на ВМРО-ДПМНЕ да прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и да се постават конструктивно во демократските процеси што водат кон избор на новата реформска Влада, а потоа и распишување на локаните избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Антонијо Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски