Гутереш загрижен поради препреките во напредокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш оцени дека изминатиот период во Косово е одбележан со настани, кои не придонеле за ублажување на затегнатите односи меѓу Белград и Приштина и изрази загриженост поради пречките, кои го запираат напредокот на дијалогот и недостигот на примена на постигнатите спогодби.

– Практичната примена на спогодбите од дијалогот беше екстремно бавна. Никакви конкретни чекори не се направени за воспоставување на Заедницата на српските опшптини, наведе меѓу останатото Гутереш во редовниот тримесечен извештај за работата на УНМИК и ситуацијата во Косово за периодот од 16 јануари до 15 април 2017 година.

Како пример за настани, кои не придонеле за ублажување на затегнатите односи меѓу Белград и Приштина, Гутереш ја изнесе иницијативата за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска и заканите на Даут Харадинај со етничко чистење на Србите, доколку судот во Колмар им го екстрадира неговиот брат Рамуш Харадинај на Србите.

– Јавниот предлог Косовските безбедосни сили да се трансформираат во вооружени сили со законски амандман наместо со уставни измени предизвика контроверзии, а таа иницијатива наиде на силно противење на косовските Срби, Белград и меѓународната заедница, посебно на САД и НАТО, наведе Гутереш во извештајот, кој ќе биде претставен на седница на Советот за безбедност на ОН на 16 мај.

Тој додаде и дека на 7 април Даут Храдинај, член на косовското Собрание од Алијансата за иднината на Косово и брат на Рамуш Харадинај се заканил со војна и етничко чистење на Косово, доколку неговиот брат биде префрлен во Белград.

– Неговите изјави наишле на силна осуда на меѓународната заедница и косовскиот претседател, а УНМИК издаде соопштение во кое наведува дека користењето говор на омраза за да се упатува закана со етничко чистење е неприфатливо и причина за сериозна загриженост, додаде Гутереш.

Според него причина за сериозна загриженост претставува и зголемувањето на национализмот, а зборовите и акциите, кои ги поттикнуваат меѓунационалните поделби не придонесуваат за подобрување на животите на луѓето или стабилноста во регионот.

Во врска со враќањето на раселените, Гутереш изрази жалење што тој процес и натаму наидува на отпор на локално ниво со опструкции во регионот на истокот.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски