(ВИДЕО) Заев: Шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите на Собрание

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по исказот во Јавното обвинителство за „крвавиот четврток“ рече дека е во постојан контакт со кабинетот на Ѓорге Иванов и дека го усогласуваат текстот за гаранциите кои тој ги бара за да го даде мандатот за формирање на Влада.

„Денеска сум во Јавното обвинителство како оштетена страна, еден од луѓето кои беа директно под напад и насилство на толпа народ од посебно издвоена група којашто имаше намера да направи убиство и тоа беше очигледно со добар план и умисла.

Дадов исказ пред јавниот обвинител, буквално им ги кажав сите детали коишто според мене ги држам во мојата меморија за овие два и пол часа тероризирање коешто се случи во прес салата во Собранието и сите мои согледувања како впечаток од самите причини до завршувањето на самиот настан.

Верувам дека сето тоа ќе помогне во истрагата на државното Јавно обвинителство“ изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ учествувале директно во организирањето на отварањето на вратите.

Очекувате ли дека обвинителот по однос на вашите повреди и она што го поминавте во Собранието ќе покрене обвинение или постапка за посериозно кривично дело како што вие велите обид за убиство?

Оставам професионалците да го утврдат тоа, но јас го кажувам мојот впечаток со сите детали како тоа беше организирано, како беше осмислено, како беше оркестрирано, диригирано и како во суштина експликацијата на дејствијата се случуваше. Мавањето со сталактите на вашите камери, мавањето со сите овие железни предмети коишто беа од столиците, од масите, дрвените предмети, фрлањето на гајтаните од самите камери коишто беа таму пристуни во салата со цел да бидеме фатени за врат, за екстремитети веројатно, извлечени или удавени или слично сето тоа го кажуваме со зборови, стручните луѓе и обвинителството се тие коишто треба да му дадат квалификација на делото. Едно знам. Собранието има 5 влеза, главниот влез, влезот кон Домот на Армијата, влезот кон поранешното Министерство за надворешни работи, гаражата и влезот којшто е према зградите. Толпата насрна од сите страни на Собранието и ниту еден од останатите четири влеза не беше отворен иако имаше полицајци коишто беа пробиени од толпата, народот дојде до вратите, но не можеше да ги отвори вратите од проста причина што протоколот на обезбедувањето на собраниските врати преку челичните шипки си ја заврши работата. Таму тие челични шипки не беа тргнати. Беа тргнати единствено челичните шипки или профили од главниот влез или главните влезни врати на Собранието коешто очигледно, веројатно, стопроцентно беа тргнати за жал од мои колеги пратеници и знам дека немаше да се случи ни „н“ од насилство ако моите колеги пратеници не го направеа тоа, односно не ги на добро осмислен начин, преку телефонски разговори, договарајќи го со некого тоа, целосно шестмина, коишто јас имав прилика да ги видам, учествуваа во тргнувањето на челичните профили па дури и нивно буткање со нога, за да масата не се сопне кога ќе влезе, на едната врата, па на другата врата, па покажувајќи многу прецизно кој е најблискиот пат да се стигне до прес салата, тоа е покрај пленумот, овде во холот кадешто одмараат пратениците во кратките паузи, директно до скалите коишто водат до холот на прес салата. Тоа е очигледно умисла и план којшто некој го направил однапред и на крајот спонтано влегување со фантомски маски е далеку од здравиот разум од спонтаноста. Тоа е организирано со план и верувам дека секој треба да си понесе одговорност што учествувал во таквиот настан.

Кога велите шестмина, мислите шестмина пратеници?

Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ учествувале директно во организирањето на отварањето на вратите, двајца ги дигнале металните профили и останатиот дел од шестмина дадоа директни патокази како да се оди до прес салата кадешто беа мнозинството од пратениците од парламентарното мнозинство. Верувам дека тоа во постапката ќе биде утврдено, постојат докази, јас го зборувам ова на основа на докази, јасно видливи и воочливи и не знам едноставно како ќе можат и тие мои колеги пратеници да не видат нас во очи, како и ние ќе ги видиме, Господ нека ни е на помош, знам дека мораме да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните. Палрманентот постои, тој е конституиран и тој треба да делува во правец на очекувањата на граѓаните на Р.Македонија.

Господине Заев дали ќе очекувате да ви се даде мандатот во рок од 10 дена и ако не ви се даде кои ќе бидат следните чекори? Дали очекувате посебна седница затоа што Талат Џафери прати до пратениците писмо за свикување на посебна седница за локалните избори?

Тоа се две различни работи. Прво, јас очекувам дека Ѓорги Иванов во рок од 10 дена ќе го даде мандатот. Можеби постои дилема кога се десетте дена од Служебн весник и слично, на крајот не е важно, не мора да се чека десет дена. Логично е некаде до средината на следната седмица да биде истекувањето на десетте дена,а пред тоа да биде даден мандатот. Јас се обидувам преку мојот кабинет и кабинетот на господинот Иванов час побрзо да го услогласам текстот на изјавата кој ќе има за цел да се даде мандатот. Нема да има за цел да предизвика антагонизам или нови причини и пречки да не се даде мандатот. Веднаш штом ќе биде усогласена меѓу нашите два кабинети, таа изјава за гаранција на унитарноста, територијалниот интегритет, уставноста, евро-интеграциите, Охридскиот договор, сето она што е важно, што во континуитет го кажуваме ние, политичките партии, а му е важно на Иванов, да му биде дадено како гаранција веднаш штом го усогласиме и веднаш ќе побарам јавна средба. Имам намера тоа, покрај кај господинот Иванов, да го објавам и до вас медиумите за ден поскоро да биде даден мандатот, бидејќи логично, ако не ни требаат 20 дена, ќе ни требаат неколку денови во текот на преговори, да ја формираме Влада, со конечна цел, до крајот на овој месец Македонија да има нова реформска Влада. За вториот дел од вашето прашање, логично е да се закаже седница на Парламентот, но претходно мора да се услогласат пратеничките групи, веројатно за двете потребни комисии. Тоа се Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем дури и за Закон по брза постапка што е едноставен, таму стои прва половина на мај, веројатно мај ќе треба да го промениме со октомври, ноември ако е есенва или ако е пролет тоа да биде со март, април мај. Тоа во Македонија досега се правело во договор со сите политички партии и ја јас очекувам, во најмала рака ако не ние лидерите на парламентарните партии, барем наши претставници да напправат средба во Парламентот, и како што е редот и праксата, да го договорат новиот термин за изборите, а меѓудругото да ги договорат и распоредот на Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем, како би можело брзо да се закаше седницата на Парламентот, за и де факто да се одложи одржаувањето на локалните избори, кои беа планирани за првата половина на мај.

А што во случај ако Иванов не ги прифати тие гаранции?

Господинот Иванов испрати недвосмислена изјава дека покрај десетте дена што сега му се обезбедни со доставување на писмото на претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери, дека ги очекува и гаранциите што Заев ги најавил во делот на унитарноста, на територијалниот интегритет, суверенитетот и дека намерата е да се даде мандатот. Јас навистина знаете дека од првиот момент зборувам дека не треба да разгледуваме Б, Ц, Д варијанти, дека треба да се држиме на А варијатната, а тоа е да не ја нарушуваме праксата во државата, претседателот на државата има убава церемонијална и формална улога на доделување на мандатот и тоа треба така да се случи. Јас, еве гледате, навистина правам се, разгледувам начини како да ги формулираме речениците кои ќе бидат соосдветни за госодинот Иванов, за да можат да бидат позитивно одлучувачки во неговата одлука за да се даде мандатот.

Господине Заев секогаш кога било тешко во Македонија, кога сме имале инциденти, секогаш сме имале впечаток дека извршителите сносиле некаква одговорност и до крај не сме биле сигурни дали се тие навистина извршители. Еве и со последниот случај со насилство во Собрание. Дали сметате дека во наредниот период пред лицето на правдата ќе бидат изведени и нарачателите на целото тоа сценарио кое се случи во Собранието кога Македонија беше на чекор да влезе во нова безбедносна криза?

Јас очекувам согласно законот, за секој што постојат докази да си понесе одговорност, како што и очекувам за оној за кој нема докази, да не одговара. Тоа е правда и правна држава која што треба да постои. Законот мора да еднакво за сите. Не само за физичките извршители на насилството, туку и за нарачателите, организаторите, мотиваторите и предводниците на целата оваа работа што се случи. Јас кажав зошто кај мене има присутни индиции за организирано сценарио. Ги кажав деталите. Немало да има Н од насилство ако некој не ги дигнал металните профили за да ги отвори вратите. Едноставно верувам дека дури и полицаец да немало надвор, вратите се непробојни Значи, јас верувам во таа работа, јас го видов тоа со мој очи и знам дека е така. Треба да одговара тој што го нарачал тоа, го осмислил, го организирал, го спровел, го мотивирал и го на крајот егзекутирал или физички го реализирал.

Господине Заев, како човек пред се, а не како политичар, дали лично некогаш ќе му простите на нарачателот, во случајов лидерот на ВМРО ДПМНЕ за сето тоа вие што го преживеавте, вашите колеги, нашите колеги, но и јавноста?

Законски можам само да сонувам да му простам на некого, тоа не е мое право. Секако тоа не е ни моја обврска. Законот мора да важи подеднакво за сите, но јас уште наредниот ден, простив. И ја испратив пораката на простување, заради тоа што сум одлучил да се занимавам со политика и да работам во интересот на граѓаните на Република Македонија, ако не простите, тогаш нема иднина, јас сакам да имам успешен период предводејќи ја новата Влада на Република Македонија, а заради тоа ни треба кооперативна, конструктивна и критична опозиција, силна опозиција, ако не простите, тогаш не можете да го очекувате тоа. Затоа и заради моите чувства, и заради мојата вера, а гледам и другите вери, тоа го предвидуваат, најголемото простување е простувањето на непријателот и треба да се прости тогаш кога е најтешко да се прости, јас простив, и фала богу немам трауми и мирно спијам, веројатно секој којшто може да прости, нека прости. А законот, законот мора да важи еднакво за сите и секој којшто се огрешил и го прекршил мора да одговара. Истовремено како што никој не треба да одговара ако нема докази за некое сторено дело, навистина треба да престане времето кога невини луѓе лежеа по затвори.

Г-дине Заев дали во овој момент може да се каже кога би се свикала седница на Собрание, дали да се измени Изборниот законик за да се избегне правниот вакум за функционирањето на локалната власт, затоа што буквално цела Македонија е засегната од овој правен вакум кој настапува на 15-ти мај?

Убаво ќе беше таа седница да се заврши до 15-ти мај, но логично не може да се заврши, заради процедурите којшто ги објаснив, треба да се соберат претставници на партиите, дали ние лидерите или наши претставници од раководствата, веројатно, да го договорат терминот, така е праксата. После тоа да се договорат комисиите, па самите комисии мораат да се изберат на пленарна седница да се даде пауза тие да работат и да дојде законот, логично е дека тоа ќе биде веднаш после доделувањето на мандатот од г-динот Иванов, да се закаже самата седница, не заради друго, туку заради логичниот тек и редослед на настаните којшто следуваат. Се решава секако, веројатно измената на членот, ако не се лажам, тоа е член 12, каде половина на мај, треба мај да се замени само со нареден месец којшто ќе се договори, наредната есен или наредната пролет, веројатно и во преодните одредби, да се даде лесно поврзување на истечениот мандат од мај, во преодните одредби на законот, зборувам, поврзување на истечениот мандат на мај на градоначалниците и советите до денот на самите избори. Постои оваа законска можност, ова не е нешто ново, правниците се постручни да кажат дефинитивно како тоа стои, но јас го кажувам, политичкото искуство како политичар кое што го имам, но треба да знаат граѓаните, може да се доцни не знам 2-3, 5 дена за плати во вакви околности на најоддолвлекување на сценариото, или 5 дена би останале без мандат можеби градоначалници и советници, но ништо тоа нема да биде од катастрофални последици доколку се случи. Јас жалам што после насилството еве до ден денеска одолвлекувањето на мандатот, неможноста да се свика веднаш Собранието, согласно роковите неопходни ќе дојде до тоа, но проблемот е решлив. Испраќам порака до граѓаните да знаат дека Парламентарното мнозинство има намера да го реши овој проблем, но сакаме да ги запазиме сите практични досегашни дејствија за утврдување на терминот за одржување на изборите и деловничките процедури за свикување на Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска