Врвни швајцарски обуки за угостителство и туризам ќе бидат промовирани денеска во Скопје.
Промоцијата ја организира Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост во соработка со престижната академија Свис хотел манаџмент од Луцерн и Министерството за економија.
На настанот ќе бидат доделени и СХЛ сертификати на обучувачи во Македонија, а покрај високите гости, ќе учествува и министерот за економија Дритон Кучи.
Швајцарските обуки за хотелски менаџмент, туризам и угостителство се сметаат за едни од најдобрите во светот. Според организаторите, за квалитетот не треба да има компромис. Затоа, порачуваат, треба да се унапредат услугите и начинот на работа согласно највисоките стандарди.