Општина Кочани на последната седница на Советот на општината донесе одлука за сопствено учество во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква“, кој ќе биде аплициран во партнерство на општините Кочани и Пробиштип.
– Со одлуката која ја донесовме на последната седница на Советот, се дава согласност на општина Кочани да учествува во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква” со кофинансирање во износ од 5 проценти од вкупната одобрена вредност на под-грантот. Овој проект ќе биде аплициран од страна на општина Кочани во партнерство со општина Пробиштип до Проектот за локална и регионална конкурентност за добивање на средства од Повикот за изразување на интерес – Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP-1/17, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Средствата потребни за реализација на проектот, истакнува Димитровски, ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Кочани.
Инаку финансирањето на заеднички прокети на општините Кочани и Пробиштип се реализира неколку години наназад, се со цел Пониква и Осоговските планини да станат достапна туристичка дестинација во текот на целата календарска година.