Средба на Дамјановски со Дукс

Од:

Амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс, денеска оствари протоколарна посета на општина Куманово и се сретна со градоначалникот на општината Зоран Дамајновски.

Градоначалникот рече дека на средбата го информирал амбасадорот за карактеристиките на најголемата локална самоуправа во Македонија, за проблемите, за статусот на градоначалниците, а разговарале и за економијата. Во последниве три години, додаде Дамјановски Унгарија има рапиден раст во однос на стоковата размена со Македонија,така што разговорот одел во насока на продлабочување на економската соработка.

-Главната тема беше што е Куманово, каква е судбината на локалните проблеми, менаџирањето со општината, мандатите на градоначалниците, политичката криза и видувањата во разрешницата, истакна Дамјановски, посочувајќи дека Унгарија е голем пријател на Македонија.

Нагласи дека со економскиот советик од амбасадата на Унгарија, Ервин Сел разговарале за економска соработка и дека ќе направи напори да ги поврзе бизнисмените од општината и соодветните сектори, локалниот економски развој и урбанизам за понатамошна соработка со Унгарија. Дамјановски посочи дека на средбата претставникот на амбасадата пројавил интерес за челична индустрија, земјоделство и производство на храна.

Според амбасадорот Дукс Куманово има одлича географска позиција.

-Како што рече градоначалникот, фокус беше економската соработка, со тоа што географски Куманово е најблиску до границата, се надеваме дека ќе ја прошириме соработката во иднина. Затоа ме придружуваше и економскиот аташе и се надеваме дека во блиска иднина практично ќе се реализира таа соработка, истакна Дукс.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски