Доделување награда „Европски придонес за 2016 година“

Од:

По повод Денот на Европа – 9 Мај Европското движење во Македонија денеска ќе ја доделена наградата „Европски придонес за 2016 година“.

Наградата е пригодно признание кое Европското движење го доделува традиционално на лица кои со својот професионален ангажман и посветеност придонесуваат за афирмација на високите општествени вредности придонесувајќи реално да се почувствува хуманоста и космополитизмот. Таа не носи вредност од материјална природа, туку признание кое доаѓа од страна на граѓаните на Република Македонија оддавајќи посебен вид на легитимитет за кохезивна сила на номинираните.

Досегашните добитници на ова признание се: Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ во 2015 година, Јован Балов – 2014, Ана Дурловски – 2013, Љупчо Коцарев – 2012, Луан Старова – 2011, Живко Мукаетов – 2010, Симон Трпчевски – 2009, Влатко Стефановски – 2008, Тоше Проески – 2007, Борис Трајанов – 2006, Вања Ефремова -2005, Борис Трајковски во 2004 година-постхумно и Радмила Шекеринска во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата