Основниот суд Скопје 1 на барање на Специјалното Јавно Обвинителство, неофицијално, донел решение за замрзнување на имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот на СЈО, „Труст“.
Сеад Кочан, за кого е донесено решение за притвор, е во бегство, а се сомничи дека во 2011 година за тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаловина до комисијата доставил фалсификувани документи за, наводна, техничка и кадровска опременост на неговата компанија „Трансмет“, и на тој начин заедно со „Силекс неметали СТ“ и „Вато“, незаконски наплатил 17,2 милиони евра.
Со решението за замрзнување на имотот, неофицијално, е замрзнат целиот движен и недвижен имот, сметките на компанијата „Трансмет“, телевизијата „Нова“ и уште некои фирми каде што Кочан има удел, како и неговите приватни сметки.