Лавров: За средбата меѓу Трамп и Путин потребна е добра подготовка

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека состанокот на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп треба да биде добро подготвен и оти тој е неопходен за да се постигнат конкретни резултати, а не заради сензации.

– Потребни ни се состаноци, а и на Американците исто така, не поради надворешни ефекти или само, да речеме, сензации, нагласи Лавров во интервју за телевизијата Мир.

Тој напомена дека состанокот на лидерите е важен не само поради ракување, туку и поради размена на мислење за билатералните односи, но и меѓународните проблеми.

– Русија и САД имаат мошне силно влијание врз меѓународната стабилност и безбедност, така што другите сигурно ќе чекаат јасни резултати од тој состанок. Со цел тоа навистина да биде така, потребно е состанокот да биде добро подготвен и тоа е нешто на кое работиме, рече Лавров, кој престојува во Вашингтон, каде ќе се состане со американскиот државен секетар Рекс Тилерсон, но и со Трамп.

Тој додаде дека двајцата претседатели воспоставиле контакт и дека три пати разговарале телефонски.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади