Новиот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин положи заклетва и официјално стапи на должност денеска по убедливата победа на предвремените парламентарни избори, по разрешувањето на поранешната шефица на државата Парк Геун-хе.
– Свечено давам заклетва пред народот дека посветено ќе ги исполувам своите ветувања како претседател, изјави пред Националното собрание во Сеул, поранешниот адвокат од левоцентристичката Демократска партија.
Мун кој се сметаше за фаворит освои 41,3 отсто гласови. Неговиот главен противкандидат Хонг Џун-пјо е втор со 23,3 отсто. Избирачката активност била околу 75 отсто, на еден час пред затворањето на гласачките места.
Мун (64) има право само на еден петгодишен мандат. Тој е застапник на умерена политика кон Северна Кореја. Предвремените избори беа спроведени откако Пак Гeун-хе беше отстранета од функцијата заради грандиозен корупциски скандал.