Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години, забележа победа над соодветната селекција на Бугарија.
Во првиот од двата контролни, пријателски натпревари меѓу селекциите на Македонија и Бугарија одигран попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ кај ФФМ, младите македонски фудбалери забележаа минимална победа со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јани Атнасов во 14.минута од пенал.
Втората средба ќе се игра на истиот терен во четврток (11 мај) со почеток од 11:00 часот.