Во Гостивар одбележан Денот на Европа и на победата над фашизмот

Од:

По повод Денот на Европа денеска во Гостивар беа организирани повеќе активности, а како гости беа амбасадорите на земјите од Вишеградската група.

Градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта ги прими амбасадорот на Унгарија Иштван Ласло, заменик-амбасадорот на Чешка Јосиф Брож, а потоа заеднички ја проследија централната прослава која оваа година се одржа во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк” во Гостивар.

Во својот говор, градоначалникот Невзат Бејта, истакна дека Македонија им припаѓа на територијата на европскиот континент и дека тоа е правецот кој земјата ја води напред кон, просперитет, демократија, правда и еднаквост.

– Секоја земја има свои особености, обичаи, традиции и нивните обичаи и почитување на едни со други, човечкото општество има можност да се движи напред. Како доказ може да ни послужи Вишеградската група на земји кои десет години се полноправни членики на ЕУ, изјави градоначалникот Бејта.

Тој изрази уверување дека по надминување на политичката криза Македонија брзо ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Амбасадорот на Република Унгарија Иштван Ласло во своето обраќање пред присутните зборуваше за историјата на создавањето на Европската унија, додека позитивен пример за вклучување на земјите во Европската унија, изјави чешкиот амбасадор.

Дипломатските претставници денес во име на делегацијата на Европската унија во Скопје на истакнати ученици им доделија подароци, а на градоначалникот Бејта му беше врачен симболичен подарок за неговиот придонес во развојот на соживот.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли