Пита со праз и шампињони

Од:

Потребно е:
1/2 кг готови тенки кори
1 кг шампињони
2 страка праз
сол
1/2 лажиче бибер
200 мл кисела павлака
200 мл кисела вода
4 јајца
50 мл масло

Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво и исечете ги на ливчиња. Празот исецкајте го на тркалца.

– Во подлабока тава ставете масло и додадете ги шампињоните и празот. Динстајте додека не испари целата течност што ќе ја пуштат. Додадете сол и бибер.

– Сега подгответе ја смесата за премачкување на корите. Во еден сад изматете ги јајцата со павлаката, киселата вода и сол. Изматете за да добиете хомогена смеса.

– Малку намастете ја тавата за печење и почнете со редење на корите. Ставете една кора на дното на тавата и премачкајте ја со масло, потоа ставете ја втората кора и премачкајте ја со филот со јајца и павлака. Ставете уште една кора и таа премачкајте ја со истиот фил. Сега ставете нова кора и на неа ставете 1/3 од филот со печурки и праз, потоа следната премачкајте ја со филот со јајца и павлака, уште една премачкајте со истиот фил, а на третата ставете повторно 1/3 од филот со печурки. Истата постапка повторете ја уште еднаш. На крај завршете со 2-3 кори кои ќе ги премачкате со смесата за премачкување.

– Последната кора саму малку премачкајте ја со масло и испрскајте ја со кисела вода.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не добие убава златно-жолта боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска