СДСМ: Не постојат никакви пречки, Иванов да го даде веднаш мандатот!

Од:

„Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова Влада веднаш да биде доделен. Ѓорѓе Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Р.Македонија. Државен интерес на граѓаните на Р.Македонија е да добијат Влада како што изгласаа којашто ќе ја придвижи земјата напред во евро-атлантските процеси и ќе обезбеди квалитетен живот за сите и тоа ќе се случи.

Ќе биде реафирмирана и Програмата на новата реформска Влада што ја гарантира унитарноста и независноста на државата.

На граѓаните на Р.Македонија итно им е потребно смирување на политичката и економската состојба во државата.

Тоа ќе го обезбеди новата реформска Влада.

Затоа ова е врвен државен интерес и секое спротивставување на мирен трансфер на власта повлекува одговорност.

Граѓаните сакаат Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО како дел од цивилизираниот демократски свет!

Македонија мора да оди и ќе оди напред!

Ги повикуваме сите во државата конструктивно да се вклучат во демократските процеси, што се незапирлив процес“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад