Адеми-Пломп: ЕУ перспективата за Македонија мора да се зачува

Од:

Европа не може да ги менаџира внатрешните граници без да ги штити надворешните, и покрај создавањето една нова ЕУ, перспективата Македонија да стане членка мора да се зачува, изјави холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп кој заедно со вицепремиерот за ЕУ интеграции Арбр Адеми одржаа предавање „Иднината на ЕУ 2025 и перспективите на Македонија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

Како ќе изгледа Европа во иднината зависи од одлуките кои ќе се донесат денес во ова време кога е усложнета ситуацијата во унијата, регионов и во Македонија, истакна вицепремиерот за ЕУ интеграции Арбр Адеми. Тој укажа дека политичката криза негативно влијаеше врз ЕУ аспирациите.

– Новата влада ќе има важна задача пред себе и единвестен начин да напредуваме и да ја напуштиме статус кво ситуацијата е преку имплементацијата на сите реформи кои се однесуваат на ЕУ-агендата, како што се итните реформски приоритети, владеење на правото, реформи на јавната администрација, парвосудниот систем, Охридскиот договор. Само на овој начин ќе ја задржиме препораката и ќе се придвижиме кон следната фаза, а тоа е отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, рече Адеми.

Кредибилитетот на процесот на проширување е од стратегиска важност, се согласи холандскиот амбасадор Пломп кој истакна дека Европа не може да ги менаџира внатрешните граници без да ги штити надворешните.

– ЕУ се менува интензивно, ќе биде поинаква, но перспективата Македонија да стане земја членка мора да се зачува. Холандија е голем поддржувач на ова, но важно е што дојде крајот на политичката криза. Постизборниот период не беше лесен, кулминираше со настаните во Собранието. Сега со изборот на спикерот кој е поддржан и од САД и од ЕУ дојде до позитивен развој на настаните и време е да се свртите кон ЕУ агендата, рече Пломп

И Адеми и Пломп нагласија дека политиката на проширување не смее да се заборави, таа е важна за надминување на сите предизвици, како во Македонија така и во ЕУ.
– Политиката на проширување не треба да се заборави. Убеден сум дека тоа е значаен дел од решението за голем број проблеми со кои се соочуваме не само ние и регионот, туку и целата ЕУ. Останува времето да покаже како ЕУ ќе се развива понатаму. Но јас сум оптимист дека лидерите на ЕУ ќе го направат вистинскиот избор и ќе го продолжат овој проект кој донесе долготраен мир, стабилност и просперитет на овој континент, рече вицепремиерот Арбр Адеми.

Би можело да ве интересира

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Динамо Загреб на Аријан Адеми пријави четворица позитивни на Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Адеми бара настава со физичко присуство, онлајн настава ќе дозволи само ако биде принуден

Кристијан Ландов