Карпош домаќин на Европското првенство во кајак

Од:

Во коорганизација на Општина Карпош и Кајакарската федерација на Македонија, на 11 и 12 мај ќе се одржи Европското сениорско првенство во кајак – спуст. Ова првенство ќе се одржи по течението на реката Вардар во Карпош, на пределот од мостот ,, Обединети нации” до старата Градска плажа во Градскиот парк.

На оваа голема спортска манифестација ќе настапат преку 200 натпреварувачи од 20 земји кои ќе учествуваат на кајакарскиот турнир. Општина Карпош, ќе партиципира во организирањето на настанот преку техничка и логистичка поддршка и тоа со поставување на канти за отпадоци на стартот и целта, озвучување со разглас , поставување на шатори на стартот од патеката и обезбедување на чамец за спасување кој ќе биде поставен на стартот. Освен овие технички помошни средства, патеката долж предвидената кајак – рута, целосно ќе се исчисти од страна на општинските служби.

Исто така, целосно ќе биде обезбеден паркинг за службените возила на екипите, со цел максимално да биде подготвен теренот од технички инфраструктурен и организациски аспект за одржување на ова Европско сениорско првенство во кајак – спуст.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Кајакарот Љубомир Спасиќ трет на Светското првенство во Саберо, Шпанија

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on