Во Охрид одбележан Светскиот ден на Црвениот крст

Од:

Со низа активности под мотото „Насекаде за секого”, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина за одбележување на Светскиот ден на хуманитарата организација.

По тој повод денеска беше положено цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, а за утре ќе биде организирана крводарителска акција во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.

Задутре ќе се одржи Отворен „Инфо ден“ во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, кои преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на организацијата.

На сите новороденчиња родени во Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во текот на Седмицата на Црвениот крст од денеска до 15 овој месец и нивните мајки од страна на Црвен крст ќе им бидат додели пригодни и корисни подароци.

Предвидено е и одржување работилници за дисеминација – ширењето на знаењата за Црвениот крст со членовите на Собранието и волонтерите на „Црвен крст“ – Охрид, а ќе бидат објавени и резултатите од ликовниот и литературен конкурс на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски