Кочани и Штип ќе се вклучат во прокетот „Планински велосипедски рај“

Од:

Општините Кочани и Штип преку источниот плански регион ќе се вклучат во прокетот „Планински велосипедски рај“ со кој се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом.

Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност финансиран со грант од Европската унија го објави Повикот за изразување на интерес за Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзување во дестинации на кој општините и Центрите за развој на планските региони може да аплицираат за компонентата под-грантови за инфраструктурни инвестиции.

– Во рамките на ваквите под-грантови, како баратели ќе кофинансираме 10 проценти од износот на побараниот под-грант, во парични или непарични средства. Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со општина Кочани и општина Штип аплицира за овие средства со проектот „Планински велосипедски рај“ со кој се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом и паркиралиште на Пониква. Општина Кочани се обврзува да обезбеди кофинансирање во износ од близу 75.000 евра, што е 5,87 отсто од вкупната вредност на под-грантот кој изнесува 1.276.317 евра, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.

Со изградбата на пешаки и велосипедски патеки, како и со адаптацијата на зграда во планинарски дом и доуредување на паркинг просторот на Пониква, овој дел од Осоговските планини ќе биде подостапен до туристите и љубителите на планинските спортови.

За ваков вид на под-грантови, побараните средства изнесуваат, за поединечен барател до еден милон евра, или за партнерство помеѓу двајца или повеќе баратели интегрирани под-проекти, до 3 милони евра.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски