Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ соопшти во првиот квартал од оваа година остварил значително поголем нето профит во споредба со истиот период лани, како и поголеми приходи благодарение на силниот раст во сегментот на продажбата преку интернет.
Нето профитот на „Адидас“ во првото тримесечје од оваа година е зголемен за 30 отсто на 455 милиони евра, додека приходите изнесувале 5,67 милијарди евра, што е за 19 проценти повеќе од истиот период лани.