Во Велес почна одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст

Од:

Во рамките на одбележувањето на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст, како и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, Општинската организација на Црвен крст Велес денескa организираше едукативни предавања со кои се информира населението за активностите кои ги спроведува Црвениот крст во Велес, како и превентивни прегледи.

Во рамки на оваа активност денеска на платото пред новиот театар беa поставени промотивни штандови со кои граѓаните се информираа за активностите на Општинската организација, а воедно беа спроведени и бесплатни медицински прегледи, како мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок и лекарски совети, кои го спроведоа д-р Милчо Трајков претседател на Општинската организација и воедно на Републичкиот Црвен крст и неговите колеги д-р Атанас Ѓоргиевски и д-р Горан Богатинов.

Д-р. Атанас Ѓоргиевски појасни дека денешната акција имаше за цел превентивно одредување на нивото на шеќер во крвта кај граѓаните и пациентите и превентивно мерење на притисокот.

– Според првичните резултати, има се голем одзив кај пациентите и тоа е добро, бидејќи голем дел од граѓаните досега никогаш немаат проверено шеќер во крвта кај своите матични лекари. Од мерењата најдовме доста пациенти со покачени вредности на шеќерот, кои во иднина би требало да ги испитуваме, појасни д-р Ѓоргиевски.

Според Ѓоргиевски, населението во Македонија нема доволно развиена здравствена култура, превентивно секој месец да ги проверува вредностите на шеќер во крвта. Целта на ваквите превентивни акции кои Општинскиот Црвен крст ги спроведува континуирано со години наназад, е со нив да се поттикне населението да се грижи повеќе за своето здравје, потенцира д-р Ѓоргиевски.

Од Општинскиот Црвен крст потсетуваат дека Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина насекаде во светот е присутно за секого.

Воедно информираат дека Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина оваа година ќе ги прослават силата и достигнувањата на нивната светска мрежа, придонесот на вработените и околу 17 милиони волонтери преку мотото „Насекаде за секого“. Појаснуваат дека годинава кампањата има за цел да го прошири разбирањето на јавноста за работата на Црвениот крст и Црвената полумесечина преку различен опсег на работи ширум светот и да ги предизвика традиционалните погледи во Движењето преку постирање на прашањето„Дали знаете?“.

Тие потенцираат дека нивната е да нагласи како Националното друштво ги адресира хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и невообичаени пристапи. Воедно сакаат јавноста да научи повеќе за работата на Црвениот крст , на начин кој ги вклучува и би побудил интерес кај населението.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ