ВМРО-ДПМНЕ: СДС има причина зошто бега и се крие

Од:

„СДС бега и се крие од сите прашања кои ги отвори Зоран Заев изминатиов период, а кои се директно на штета на државните и национални интереси.

СДС има причина зошто бега и се крие.

Граѓаните гледаат дека почнуваат да се реализираат срамните отстапки кои ги договараше нивниот лидер.

Во кабинетот на Претседателот на Собранието веќе има албанско знаме, а се најавува дека македонското собрание ќе биде третиот парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик.

Заев веќе јавно ја нападна посебноста на македонскиот народ, тврдејќи дека сме ист народ и со Бугарите и со Србите.
Заев ги навреди Македонците дека имаат валкано лице и се прогласуваше за албански премиер.

Затоа СДС во партиските реакции не смее да спомене ништо од прашањата кои директно задираат во суверенитетот на државата и ја редефинираат Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт