СДСМ: Ние не молчиме, туку Груевски лаже

Од:

„СДСМ не молчи.

СДСМ јасно и гласно кажува дека никој нема да го загрози статусот на Македонскиот јазик и унитарноста на државата. Ќе се овозможи практична примена на јазиците на заедниците според нивните потреби, исклучиво согласно Уставот на Република Македонија. Македонија ќе биде унитарна држава на сите граѓани, ќе има нова реформска Влада и таа Влада ќе обезбеди евро-атлантски интеграции, квалитетен живот, независни институции и правда, за сите! На тоа се обврзува новата Влада во Програмата, единствениот валиден документ за граѓаните, јавно поставен на веб страницата на СДСМ и добро познат на домашната и меѓународната јавност.

Само Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат потреба да зборуваат за непостоечки теми во обид да ги покријат своите криминални платформи. Овие истрошени политичари, исплашени од промените и соочувањето со правдата, го чувствуваат распадот на режимот што носи и нивен политички крај.

Затоа ги повикуваме чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ да се оградат од лагите и провокациите на Груевски и тесната група околу него, да застанат како конструктивна опозиција зад граѓанските и државните интереси и да ги поддржат демократските и реформските процеси што носат добро за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката и која било друга припадност.

Ќе има нова Влада, тоа е државен интерес. Работата спротивно на државните интереси е противуставно и тешко кривично дело. Мора да се овозможи мирен трансфер на власта“, се вели реакција на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните