Костовски: СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа

Од:

„Спротивно на волјата на народот, спротивно на Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија, СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа.

СДС имаше обид нелегално да избере претседател на Собранието и направи класично политичко насилство.

СДС дозволи албанското знаме да влезе во кабинетот на втората по ранг функција во државата.

СДС молчи околу најавите на Талат Џафери дека ќе го раководи Собранието на Република Македонија на албански јазик. Нормите се јасни, пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на територијата на Македонија е македонски. Со молкот се потврдува стравот на народот дека СДС договорил албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на Македонија, само за да се добере до власт, а македонското Собрание да стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик.

Сите овие отстапки на штета на државните и национални интереси кои ја редефинираат Република Македонија сега Заев сака да ги покрие со најави за популистички мерки и нови кршења на Уставот како што е реизборот на судии.

СДС еднаш веќе го имаше унакажено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри. Судството тогаш го допре дното. Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да се спаси од одговорност за криминалиите кои што ги правел. Заев мисли дека доколку во судовите постави партиски послушници, тие ќе го амнестираат исто како што Црвенковски го аболицираше за криминалот во „Глобал“ тежок осум милиони евра или како што Катица Јанева го спаси од одговорност во случајот „Пуч“.

Целата јавност го виде како бесрамно бара поткуп по едно евро од квадрат кои треба да се уплатат кај Вицето. Целата јавност знае за криминалиите во „Цареви кули“ и исплатите кон „Струмица гас“. Делата против државата и уставното уредување кои тој и криминогеното раководство на СДС во континуитет ги прават не застаруваат.

Единствено нешто на кое што Заев може да се надева е дека со промена на судии, ќе ја одложи правдата, но бегање нема. Казната ќе стаса“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски