Чапати лепчиња

Од:

Потребно е:
250 гр брашно
2-3 лажици масло
малку сол
1/2 лажиче прашок за пециво
топла вода

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги брашното, солта, прашокот за пециво и маслото. Постепено додавајте малку топла вода и со рака замесете меко тесто.

– Тестото покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер да стои околу 30 минути.

– Потоа од тестото кинете мали топчиња, секое истенчете го со сукало и пржете ги во врело масло околу 2-3 минути од секоја страна, додека да добијат златна боја.

– Испржените чапати наредете ги во чинија на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.

– Служете ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска