Состанок на локалниот совет за превенција во Куманово

Од:

Кои мерки да ги преземат надлежните институции за да спречат пожари на отворено, беше тема на денешниот локален совет за превенција на кој учествуваа преставници од СВР Куманово, локалната власт, Регионалниот центар за управување со кризи, претставници од подрачните единици на Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, „Македонски шуми“ и територијалната противпожарна единица Куманово.

Марјан Павличек, самостоен инспектор од отсекот за превенција од СВР Куманово, рече дека имаат подготвено план за превенција од пожари за претстојниот летен период во 2017 година и дека целта на овој состанок е да се увиди дали соодветните институции располагаат со соодветна опрема и луѓе.

Тој потенцираше дека законодавецот има предвидено високи казни за дела кои се однесуваат на оваа проблематика, парични казни и затвор за одговорни лица, а додаде дека се предвидени и глоби за граѓаните кои палат смет и контејнери.

Слаѓан Антевски од Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека што се однесува до пожарите на отворено, тогаш први реагираат „Македонски шуми“, потоа ТППЕ, и ако тогаш не се локализира, градоначалникот на соодветната општина бара помош од централната власт. Додаде дека вакви пожари почесто се случуваат во општините Липково и Старо Нагоричане, отколку во Куманово.

Горан Стојановски од Регионалниот центар за управување со кризи, рече дека мора да се знае кој командува со системот откако ќе настане пожар. По добивањето на дојавите се алармираат надлежните институции за да се искористи секој момент и да се спречи пожар од поголеми размери.

Присутните се согласија дека треба да има промена на законодавството, да се набави соодветна орпема и да се зголеми бројот на активни учесници во гасење на пожарот.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, рече дека концептуално има пропусти во организацијата на противпожарната заштита и дека во идниот период треба да се усоврши, но и дека во техничката опрема потребно е да се вложуваат повеќе средства за набавка на нова опрема. Нагласи дека соседните општини имаат поголема опасност од настанување на пожари на отворено, но и дека Куманово се вклучува во помош при гасење на пожари на отворено. Според него, потребен е синхронизиран начин на пристап во гасењето на пожарите на отворено. Потсети дека ТППЕ Куманово располага со соодветна опрема и дека често во летниот период се ангажираат 30-тина пожарникари кои помагаат за гасење пожари и дека општината на месечно ниво обезбедува околу 800.000 денари за ТППЕ Куманово.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување