Бразилски суд осуди осум лица под обвинение дека преку интернет се заколнале на верност на групата Исламска држава (ИД) и планирале напади пред Летните олимписки игри, што се одржаа минатата година.
Тоа е прв случај на судска одлука, што предизвика полемики за законското толкување на терминот тероризам.
Во јули минатата година пред ЛОИ беа уапсени 13 луѓе, од кои петмина подоцна беа ослободени.
Осумтемина се осудени на затворски казни од шест до 15 години, а најтешката пресуда е за 33-годишниот Леонид ел Кадре, кој според властите е водач на групата.
Тој е осуден на 15 години и 10 месеци. Тој имал три профили на Фејсбук, што ги користел за поддршка на нападите на ИД во странство и да изрази лојалност кон џихадистичката група.
Ел Кадре ќе ја обжали судската одлука и тој веќе 36 денови штрајкува со глад.