Десетици полицајци во Таџикистан беа отстранети од работа откако не успеале да ослабат во рамки на фитнес програма за полицијата, јави ДПА.
Други полицајци успеале да ослабат речиси 20 килограми по програмата што почнала оваа година и со која тренирале три до петпати месечно, соопшти Министертвото за внатрешни работи на таа централноазиска држава.
Освен тоа, во рамки на програмата полицајците требало да посетуваат најмалку еднаш месечно и театарски претстави.