Шпанскиот стратег Раул Гонзалез имаше успешно деби на кормилото на македонската ракометна репрезентација. Новиот предводник на Македонија, со победа над Исланд го започна селекторувањето со црвено-жолтите.
Гонзалез е свесен дека е завршена голема работа, бидејќи триумфот над силниот Исланд ги зголемува шансите на Македонија за пласман на едно од двете места во квалификациската група кои носат настап на Европскиот шампионат во Хрватска.
Гонзалес верува дека доколку играчите одиграа со голема мотивација и на гостувањето во Рејкјавик, црвено-жолтите може да се надеваат на победа.
– Беше многу тешко и сега имаме многу шанси да ја минеме групата. Ќе биде многу тешко во гости, но со мотивација ќе се обидеме да победиме. Сега ние нама да имаме притисок на мечот во Рејкјавик, нашата задача ја завршивме, сега притисокот е кај Исланѓаните, изјави Гонзалес по мечот.
Инаку, во оваа група во која покрај Македонија и Исланд се уште Украина и Чешка, сите шест одиграни натпревари завршија со победи на домаќините. Дуелите од следното 4.коло ќе се играат претстојниот викенд.