Македонските ракометари подобри од Исланд

Од:

Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Исланд во првиот од двата дуели во квалификациите за Европското првенство во Хрватска, што ќе се одржи следната година.

На средбата од 3.коло во квалификациската група 4, одигран вечерва во преполната арена на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, репрезентацијата на Македонија го победи Исланд со 30-25 полувреме 15-13..

Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше капитенот Кирил Лазаров со 11 постигнати голови, додека Филип Талевски постигна 5, а Стојанче Стоилов и Филип амиркуловски по 4 гола.

Со новите бодови Македонија се проби на првото место на табелата со вкупно четири бода, колку што има и второ пласираната Украина која вчера ја победи Чешка со 26-23. Селекциите на Исланд и Чешка досега освоија по два бода.

Веќе претстојниот викенд ќе се играат средбите од 4.коло, и тоа, во сабота дуелот Чешка – Украина, додека натпреварот Исланд – Македонија е во недела од 19 часот и 45минути.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски