Ставрос Димас е веќе петиот функционер за овие 2 недели кој тврди дека брзото решението за името е во рацете на премиерот Груевски.
После пет вакви изјави се поставува прашањето што тоа Груевски има добиено како предлог и како брзо треба да најдe решение за проблемот со Грција.
А1 од упатени извори дознава дека после изборитe, вицепремиерката Теута Арифи ќе патува во Грција за да продолжи со билатерални преговори.
Експертите пак предупредуваат дека до билатерални преговори без посредство на ОН не смее да дојде заради нашата подредена позиција во однос на Грција.
Ваквиот аранжман на ДУИ може да доведе до силна албанофобија доколку тоа би се протолкувало дека ДУИ преговара со Атина и го притиска Груевски да изнајде решение.
„ДУИ и Али Ахмети веќе се во деликатна ситуација со превземање на оваа улога на катализатор или забрзувач за изнаоѓање на решение во билатерални преговори“, велат експерти.
Според нив, иако се во координација со Груевски, ова може да доведе до многу лоша завршница доколку Груевски го отфрли секој предлог што би го договарал ДУИ со Атина.
Таква завршница без договор со Атина би предизвикала длабока политичка криза во Македонија дури со несогледливи последици и тогаш можен Референдум би отпаднал и тоа за подолг временски период.
Дали е повидок договор со Грција или смислено сценарио за политичка криза во Македонија допрва ќе видиме.
Што и да се случува експертите се сигурни дека ќе биде некаде во есенските месеци.
Веројатно за лидерот на ДУИ ,Али Ахмети оваа е последниот проект со Груевски ако не биде успешен, но доколку од овие билатерални разговори произлезе решение за името , референдум и парламентарни избори ќе бидат неизбежни најдоцна до пролет.
Се е во рацете на Груевски, брзото решение сепак тој ќе мора лично да го соопшти.
Катерина Цаневска Арсовска