Нова процедура за третирање на стенози во охридскиот Завод за кардиологија

Од:

Во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид денеска ќе се воведе нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови (стенози) кои имаат масивни кациумски депозид во ѕидот.

– Методата се вика ротаблација за која се користи посебна апартура за таа намена и специфично дизајнирани ротаблациони кактетри кои се воведуваат преку водилна коронарна жица и вршат еден вид на вртлозно бушење ма запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад , а потоа и поставување на стентови, информираат од Заводот за кардиологија.

Се работи за скапа процедура која се применува само во помал број на центри, а во Македонија се изведува само на Клиниката за кардиологија во Скопје. Стапката на утлизација на методата, како што се наведува, е околу 5 до 7 проценти од сите запушувања на срцевите артерии.

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе четврта година се изведува и интраваскуларен ултразвук со кој може да се евалуира резултатот од стентирањето на ваквите комплексни запушувања.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните