(ВИДЕО) Црвенковски: СДСМ нуди план за заштеди, пари за сите ќе има освен за споменици и фонтани

Од:

„Оваа власт ја внесува Македонија во грчко сценарио. Наша обврска и должност е да направиме се тоа да го спречиме.Наша цел не е да се блокира и да не се донесе буџетот. Тоа е лага! Наша намера е да ја натераме Владата да се откаже од непродуктивните трошоци, а со тоа и од потребата од нови кредити и задолжувања“, рече по седницата на Централниот одбор на СДСМ, лидерот Бранко Црвенковски.

За таа цел на денешната седница СДСМ дефинира предлог план за буџетски заштеди кој уште утре ќе го достават на Владата на Република Македонија.

Со овој план, велат, пари во Буџетот ќе има и за покачени пензии и за плати во администрацијата, и за субвенции за земјоделците, и за трансфери кон сите социјални категории на граѓани, но нема да има пари или ќе има помалку пари за владини реклами, за економски промоции, за фонтани и споменици, за нови објекти од „Скопје 2014“, за нов мебел, нови возила и нови згради за Владата и министерствата.

На овој начин, се прави заштеда од цели 204,8 милиони евра.

Ако овој предлог план биде прифатен од страна на владата СДСМ е подготвен веднаш да ги повлече сите амандмани и да гласаат за таквиот буџет за 2013 година. За прв пат би имале буџет изгласан со консензус-заеднички буџет, и на власта, и на опозицијата.

Ако владата биде непопустлива и не сака да се откаже од дел од своите трошоци и го одбие овој предлог тогаш амандманската расправа ќе продолжи, а целокупната одговорност за евентуалното недонесување на буџетот ќе биде нејзина, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он

СДСМ: Наместо со виновниците за трагедијата во Кочани, МВР се пресметува со млади за статуси на ФБ

Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Горан Наумовски