А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собрание, Вељаноски се сели

by А1он03/05/2017 - 10:3903/05/2017 - 15:01398
Share0

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери влезе во неговиот кабинет кој вчера беше окупиран со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Џафери ја презеде функцијата претседател на Собранието без проблем, а првото кафе во кабинетот го испи со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Добивај вести на вибер

Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски веќе му честитал на Талат Џафери за новата функција, претседател на Собранието. И името на Трајко Вељаноски е избришано од вратата на претседателскиот кабинет во Собранието, а печатите и штембилот веќе се наоѓаат во рацете на собраниските служби. Вељаноски уште синоќа почнал да ги изнесува неговите лични работи од претседателскиот кабинет.

Се очекува Џафери да испрати известување до Ѓорге Иванов за формирањето на ново парламентарно мнозинство, по што тој е должен да го даде мандатот за формирање на новата влада.

Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој објави фотографија од средбата на Твитер.

Met with Parliament's new Speaker Mr Xhaferi. Expressed EU's readiness to work with him on necessary reforms for Euro-Atlantic integration pic.twitter.com/iG9lVS3PC3

— EU Ambassador (@AmbassadorEU) May 3, 2017

Виктор Јованов

sobranietalat dzaferi

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен