ВМРО-ДПМНЕ: Воспоставување нелегални институции е опасен преседан

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница за актуелната политичка состојба го осуди, како што соопшти партијата, нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се Уставот, законите и пропишаниот деловник.

– Непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и институциите, се вели во соопштението.

За Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во соопштението, обидот за воспoставување нелегални институции би направило преседан кој во иднина може да се злоупотреби, и да стане вообичаена пракса и на тој начин да се суспендира волјата на граѓаните изразена на изборите.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудил и, наведува партијата, „шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат“. Само строгото казнување на ваквото антидржавно однесување ќе спречи да се повторува газењето врз Уставот и законите, смета ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелира до СДСМ и нејзиното раководство јасно, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, како што нагласува, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус