Трамп и Путин разговараа за создавање безбедносни зони во Сирија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин „ги разгледа перспективите“ за создавање на безбедносни зони во Сирија, како една од мерките за постигнување траен мир во земјата, соопшти доцна синоќа Белата куќа.

Во соопштението се посочува дека двајцата претседатели во телефонски разговор се согласиле оти „страдењето во Сирија трае премногу долго“ и дека САД и Русија треба да сторат се што е во нивна моќ за прекин на насилството.

– Двајцата претседатели имаа многу добар разговор кој вклучуваше и разгледување на перспективите за создавање на безбедносни зони за постигнување траен мир, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Како што јави ТАСС, Трамп и Путин разговарале и за заедничките напори за „исокренување на тероризмот на Блискиот Исток“, како и за можностите за „решевање на опасната состојба во Северна Кореја на најдобар начин“.

Ова е прв телефонски разговор меѓу Трамп и Путин по американскиот ракетен напад врз сириската воена база на 7 април.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални