Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара од рускиот претседател Владимир Путин да помогне во заштита на правата на хомосексуалците во Чеченија.
Апелот е упатен по информациите дека луѓето со нетрадиционална сексуална ориентација се изложени на судско гонење во Чеченија.
Меркел денешната средбна со Путин во Сочи ја оцени како конструктивна, додавајќи оти разговарале за голем број теми, меѓу кои Сирија, Украина и човековите права.
– Би сакала да продолжиме да се обидуваме да најдеме решенија за глобалните проблеми, а важната улога во тоа ја има Русија, истакна Меркел.