ВМРО-ДПМНЕ: Ова политичко насилство врз Уставот, Законите и Деловникот

Од:

„СДС ја втурна Република Македонија во длабока криза. Заради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, СДС ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија.

СДС го измами народот. Го измами со подметнување на Тиранската Платформа по изборите, а потоа и со обид нелегално да изберат претседател на Собрание на Република Македонија.

Ова политичко насилство врз Уставот, законите и Деловникот од страна на СДС предизвика гнев кај граѓаните на Република Македонија. Дополнителна провокација кај македонскиот народ предизвика нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, кој беше надвор од Деловникот за работа, Уставот и законите.

Претседателот на Собранието, СДС го избра надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците.

Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и на ваков начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската Платформа.

Тоа е суспендирање на правниот систем на државата.

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но во исто време го осудува и политичкото насилство кое го направи СДС врз институциите, Деловникот, законите и Уставот.

Народот бара СДС да ја отфрли Тиранската Платформа и да го повлече Претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.

Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски