Денеска се одбележува Светскиот ден на џезот

Од:

Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на џезот, кој во 2011 година го утврди УНЕСКО со цел да се истакне улогата на џезот во обединување на луѓето на цела планета.

Овој ден ги поврзува заедниците, училиштата, уметниците, историчарите, академиците и џез ентузијастите, кои ширум светот слават и учат за џезот, неговите корени, иднината и влијанието.

Секој 30 април се укажува неопходноста од интеркултурен дијалог, меѓусебно разбирање, џезот се препознава како средство за промовирање на мирот, дијалогот меѓу културите, како и уметничка форма која ги почитува различностите, човековите права и достоинството, а ја промовира и слободата на изразување.

Оваа година глобалниот град-домаќин на Светскиот ден на џезот е Хавана, каде прославата започна уште на 24 април. Триесет признати музичари и педагози од Куба и од целиот свет учествуваат во концертите, работилниците за импровизација и различните акции кои се спроведуваат во училиштата, културните центри, џез клубовите и парковите ширум Куба.

Централната прослава е утре во Гран Театро де Ла Хабана, а едукативни програми посветени на џезот се обезбедени за ученици и студенти во над 11.000 образовни установи.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Ќе се уредува нов простор за НУ Оркестар за џез-музика

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска