Култната „Биркин“ чанта на Хермес отсега ќе може да се купува и во облик на Лего коцки. Познатиот производител на конструкциски играчки на својата официјална веб страница го претстави новиот производ, славната чанта за која велат дека е целосно функционална и дизајнирана за секојдневна употреба.
Цената на „Биркин“ произведена во Лего погонот изнесува 143 долари, што е и повеќе од пристапна цена за еден производ од Хермес, но мора да се напомене дека со своите димензии 20х26х13 сантиметри оваа чанта сепак е прифатливо решение за детска игра, отколку за вистинско носење.
Минијатурната „Биркин“ може да се нарача во разни бои, а „Лего“ напоменува дека е изработена од коцки од висок сјај.