Кина планира платото Чингхај – Тибет и околните планини да ги претвори во најголемиот светски национален парк, пишува „Саут чајна морнинг пост“.
Научниците вклучени во планирањето истакнуваат дека националниот парк ќе покрива голем дел на атономниот регион Тибет и покраината Чингхај, на југозапад од Кина, со вкупна површина од 2.5 милиони квадратни километри, се наведува во написот.
Со овој потег, новиот национален парк на прво место ќе го замени Националниот парк на Северозападен Гренланд, што досега беше најголем национален парк во светот, пренесува порталот croenergo.eu.
Во споменатите подрачја ќе бидат почнати различни испитувања, во кои ќе се вклучат и научници од Кина, Непал и Пакистан, а во написот исто така, се спомнува дека испитувањата на највисоките точки на планетата секако ќе бидат и најголем предизвик во создавањето на овој национален парк.
„Саут чајна морнинг пост“, сепак, истакнува дека постојат голем број прашања поврзани со изведливоста на овие планови.