(ВИДЕО) Движење БЕСА: Остануваме посветени во креирање на легитимните институции

Од:

„По синоќешните инциденти во Собранието на Република Македонија, кога хулигани подржани од ВМРО-ДПМНЕ ја нападнаа највисоката законодавна институција во земјата, Движењето БЕСА констатира дека Македонија сега не е само во политичка криза, туку и во безбедносна криза. Ова е потврда за тоа дека во Македонија сега е се уривани демократските вредности, како управување на мнозинството, и сега за судбината на државата одлучуваат хулигани предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

По тоа што се случи синоќа, го осудуваме насилствотот над пратениците и новинарите, а посебно му посакуваме побрзо закрепнување на г. Зијадин Села, притоа солидаризирајќи се со членството и активистите на ДР-ДПА:

Притоа сакаме да појасниме дека петте (5) пратеници на Движењето БЕСА беа присутни во салата на Собранието на Република Македонија додека се одвиваше седницата за избор на г. Џафери, со што даваме легитимност на неговиот избор, а затоа и ни беше заблагодарено од г. Џафери и од г. Заев. Кога би зборувале за бројки, објаснуваме дека Движењето БЕСА го подржа парламентарното мнозинство кое го избра г. Џафери за претседател на Собранието, не оставајќи простор да се загрози процесот со отсуството на претседателот на ДУИ.

Следствено ги повикуваме сите институции во земјата да го почитуваат овој избор и да се однесуваат во согласност со таа одлука.

Тука сакаме да појасниме и еден друг момент кој остави лош впечаток на овој процес: ние не бевме информирани за сценариото за избор на претседател на Собранието и ова не затекна неподготвени, но – независно од тоа ни, како што сме ветиле, останавме во салата и го потпомогнавме и легитимиравме процесот. Се надеваме дека после овој чин ќе продолжи и за процесот за формирање и на другите институции во земјата и државата да се врати на нормала.

Бидејќи се уште сме во тешка безбедносна состојба, ги повикуваме граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не подлегнуваат на било какви провокации, бидејќи загрозувањето на безбедноста е токмо тоа што го сакаат тие кои вчера го нападнаа Собранието, а наша должност треба да биде заеднички да помогнеме за дражавата да се врати во нормални текови“ изјави Билал Касами од Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет