ПЕИ бара крвниците и насилниците најостро да бидат санкционирани

Од:

Партијата за Европска иднина – ПЕИ, најостро ги осудува насилните настани во Собранието.

„Особено сме згрозени од вандалскиот чин по цена на живот врз народните избраници, новинарите и вработените во собраниските служби, Апелираме до институциите, доколку се објективни и непристрасни, пред се МВР и ОЈО, кои вчера не беа на висината на задачата, веднаш да ги расветлат сите настани, а крвниците и насилниците најостро да бидат санкционирани“, стои во соопштението на ПЕИ.

ПЕИ му го честита изборот на новиот претседател на Собранието Талат Џафери и му посакува плодна и успешна работа. Партијата очекува во најкраток временски рок, парламентарното мнозинство да ја избере новата реформска Влада.

Би можело да ве интересира

ПЕИ во опозициската коалиција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Цаноски: Со задоволство ја потпишавме Платформата за демократска Македонија

Ана Ололовска

Фијат Цаноски се повлекува од политика

Емир Латифовиќ

ПЕИ ја објави листата за парламентарните избори 2014

Емир Латифовиќ

ПЕИ ќе оди самостојно на парламентарните избори

Емир Латифовиќ

Бишевац останува во опозицискиот фронт

Ана Ололовска