А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

НСДП: По овој крвав пир, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија, туку терористичка организација

by А1он28/04/2017 - 15:16226
Share0

„По убиството на демократијата извршено од страна на криминалната банда на ВМО-ДПМНЕ, процесот на трансфер на власта треба да продолжи. Бидејќи еден од нарачателите на кривичното дело неколку пати стави до знаење дека нема намера да го додели мандатот на партиите кои имаат мнозинство, парламентарното мнозинство треба веднаш да пристапи кон избор на нова Влада на Република Македонија и извршната власт да профункционира со полн капацитет.

Следете a1on на Instagram Instagram

НСДП смета дека приоритетна задача на новата Влада треба да биде избор на нов јавен обвинител на Република Македонија и целосна промена на партиската со професионална полиција. Сметаме дека веднаш потоа надлежните органи треба да покренат постапка за кривична одговорност за сите учесници во крвавите настани во законодавниот дом, и тоа започнувајќи со Груевски и Иванов, како нарачатели, па преку оние кои повикуваа на линч(Анотнио Милошоски, Илија Димовски…), завршувајќи со разулавените криминалци кои посегнаа по животот на пратениците од парламентарното мнозинство и кои безмислосно го уништуваа имотот на граѓаните.

НСДП предлага по конституирањето на извршната власт парламентарното мнозинство да достави барање и за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од групата на Европската народна партија.

Покрај кривичната одговорност на ВМРО-ДПМНЕ како злосторничко здружение, Собранието на Република Македонија треба што побрзо да создаде законски претпоставки и за нејзино исклучување од наредните циклуси на локални, парламентарни и претседателстки избори.

Следете a1on на Youtube YouTube

По црниот понеделник од 2012 година и овој крвав пир во македонскиот парламент, организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека не станува збор за политичка партија, туку за терористичка организација. За терористи нема место во парламентарниот живот на ниту една земја, па ниту во Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

nsdpsobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео