Илир Мета: Конфликтот во македонското Собрание е политички, а не меѓуетнички

Од:

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета денеска телефонски разговарал со својот македонски колега, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и притоа оцени дека предизвиканиот конфликт е политички, а не меѓуетнички, јавуваат тиранските медиуми.

Мета му дал целосна поддршка на Џафери во работата на македонскиот Парламент за стабилност и демократија.

– Жалам поради неприфатливото насилство во македонското Собрание. Ние поддржуваме решавање на кризата во Македонија по пат на уставни и демократски средства. Конфликтот што се случи е политички, а не меѓуетнички, истакна Мета.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза